• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот
Најнови вести
Славески: Потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни мерки со цел да се задржи стабилноста на банкарскиот систем
Светот веќе го чинеше војната со Иран 111 милијарди долари: Трамп има идеја кому да му ја испрати сметката
Милановиќ го откажа самитот Брдо-Бриони поради изјавите на Вучиќ
Уште едно убиство во Македонија – син го усмртил својот татко
Фицо бесен, тврди дека од Брисел му пристигнало заканувачко писмо: Нека заборават на нашата помош
ПРОЧИТАЈТЕ: www.standard.mk | www.biznisinfo.mk
Локално
Локално
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Магазин
  • Денешни
МакедонијаСлајдер

БНТ: Нема уништени бугарски воени гробишта кај Кавадарци

од Nikola Popovski 15/10/2021 16:33
15/10/2021 16:33 546 прегледи
546

Втор ден, тим на Бугарската национална телевизија претстојува во Македонија во обид да утврди дали имало напад врз два бугарски споменици и воени гробишта. Во репортажата од терен, нивниот новинар Николај Минков вели дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од првата светска војна, ниту дека имало сквернавење како што деновиве изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Во репортажата говорат и двајца граѓани од Кавадарци, Ацо Темков и Петар Камчев, инаку  поранешен директор на Историскиот музеј кој 37 години работел во оваа установа.

И двајцата зборуваат дека никогаш не виделе гробишта на оваа локација или да чуле за нешто такво од постари граѓани, туку дека тука има два споменика кои се наоѓаат на далечина еден од друг на километар и половина од кои едниот е во спомен на 193 загинати бугарски војници во периодот, како што стои на плочата на споменикот, 1915-1918 година а другиот е исто така во чест на бугарски војници.

Прочитајте повеќе:
  • Бугарски европратеник се пожали на присуството на Муцунски во ЕП и бара поактивна позиција од Софија за македонското прашање
  • Се очекува Бугарија да потроши 2,14% од БДП за одбрана во 2026 година
  • Говеда од Македонија навлегле на бугарска територија – институциите од Софија бараат решение

Вчера бугарското Министерство за надворешни работи, соопшти дека нивната земја води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во Република Северна Македонија.

-Во најголем дел, тие се во многу тешка ситуација како резултат на конзистентната политика на дебугаризација што се водеше во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија.

Ние постојано апелиравме за помош до властите во Скопје, кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија. Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 -ти октомври 2019 година на 44 -то Народно собрание.

Затоа информациите за уништување на две бугарски воени гробници на територијата на Република Северна Македонија, доставени до нас од Фондацијата Македонија, се земаат многу сериозно и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија активно работи на разјаснување фактите и преземе соодветни мерки. Почитувањето на споменот на жртвите е универзално прашање и пристапот до него е знак за степенот на перцепција на европските вредности, потенцираат од тамошното МНР.

Фото: BNTNEWS.BG

 

бнтбугаријагробиштаМакедонија
Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail

Анкета

Facebook

Lokalno

Најново

  • Славески: Потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни мерки со цел да се задржи стабилноста на банкарскиот систем

    31/03/2026 10:28
  • Светот веќе го чинеше војната со Иран 111 милијарди долари: Трамп има идеја кому да му ја испрати сметката

    31/03/2026 10:16
  • Милановиќ го откажа самитот Брдо-Бриони поради изјавите на Вучиќ

    31/03/2026 10:04
  • Уште едно убиство во Македонија – син го усмртил својот татко

    31/03/2026 9:53
  • Фицо бесен, тврди дека од Брисел му пристигнало заканувачко писмо: Нека заборават на нашата помош

    31/03/2026 9:38

Од Уредникот

  • Матиќ за резултатите од локалните избори во Србија: „Студентските листи имаат големи шанси на парламентарните, ситуацијата во големите градови е далеку поповолна за опозицијата“

    30/03/2026 15:37
  • Вучиќ и СНС прогласија нова победа на изборите: Волја на народот или кражба на гласови?

    30/03/2026 14:16
  • Мицкоски подготвен да чека со децении за влез во ЕУ, Стојковски: Со реорганизација на НАТО ќе се реорганизира и одбраната и може да го изгубиме и ова членствo

    30/03/2026 12:13
  • Чекаме две децении, најверојатно ќе бидат уште неколку: „ЕУ не се заморува со Македонија, корумпираната олигархија трие раце што сме заглавени во мочуриштето“

    30/03/2026 11:03

Колумни

  • Поради лошиот пат до Охрид, Македонците за викенд одат на шопинг во Солун или на бања во Србија

    27/03/2026 8:45
  • Дали туризмот во Македонија ќе профитира од војната на Блискиот Исток?

    15/03/2026 11:22
  • Хегесиј и СДСМ

    10/03/2026 11:43

Скопје во срце те носам

Скопје во срце те носам
  • Facebook
  • Twitter
  • Rss
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот

© Авторски права 2026 - Сите права се задржани.

Политика на сајтот

Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.

Локално
  • Македонија
    • Политика
    • Хроника
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Магазин
  • Денешни