Bо Кичево нема повеќе активни случаи со коронавирусот

од Берта Китинска
199 прегледи

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти, меѓу кои и последното заболено лице од Кичево, со што оваа Општина практично нема ниту едно заразено лице.

Оваа вест беше потврдена и од градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари кој воедно и раководи со координативното тело на општината.

Инаку во тек е четврта недела, откако во Кичево нема регистрирано нов случај на заразен од коронавирусот. Ова е една од најголемите општини во Македонија, со околу 60.000 жители, каде што се регистрирани најмал број, само два случаи на заболени од Ковид-19 и тоа повратници од странство кои првично беа сместени во карантин.

Слични содржини