Бочварски: Ако порано се плаќаше 1 евро за квадрат, со Законот за легализација на дивоградби, граѓаните ќе плаќаат 150 евра

од Nikola Popovski
660 прегледи

„Со овој закон, кој беше предвиден уште во 2019 година во Сибранието, апсолутно не може секој да гради каде сака и колку сака и после да му се легализира“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „Топ тема“, коментирајќи го Законот за легализација на дивоградбите.

Според него, со пеналите предвидени со законот, се прави обрач за да им укажат на луѓето дека ваквото градење е недозволиво и дека во иднина нема да се дозволува.

„Ако во првиот Закон за бесправно изградени објекти, легализацијата беше за 1 евро за квадрат, денеска во овој Закон е пропишано, граѓанинот да плати 150 евра, што значи 150 пати повеќе, со цел да укажеме дека оваа постапка е поскапа“, оценува Бочварски.

Слични содржини