Бочварски: „Беса транс“ сега нема лиценца за превоз на патници

од Берта Китинска

„Беса транс“ сега нема лиценца за работа, за превоз на патници. Службите кај нас работат тековно, до мене вчера дојдоа два предмети на две компании кои побарале лиценца, а кои биле одбиени, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Студио 10.

-Правилата на игра се знаат, мора сите чинители во општеството да ги вршат своите дејности според процедури. Автобусот е „мерцедес“ од 2007 година, не сум стручен да кажам дали овој автобус е безбеден. Со мојот бугарски колега имав разговор, оставивме простор доколку треба заедно да одиме на местото на несреќата, имаме постојана комуникација. Не отидов во Бугарија затоа што премиерот и двајца колеги отидоа таму. Главниот збор и таму го има Обвинителството, вели Бочварски.

Слични содржини