Бочварски: Бројката од 50.000 дивоградби не е паушална, со законт, не може секој да гради каде сака

од Берта Китинска
299 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потенцира дека дивоградбите се реалност и постојат, но дека како Влада бараат начини, како да ги стават во правна рамка за граѓаните што примаат социјална помош од државата.

„Ваквата легализација за таквата категорија граѓани е бесплатна, затоа што имаат проблем во егзистенцијата и треба да бараме решение како да им помогнеме да имаат покрив над главата. Овие граѓани нема да плаќаат за комунален надоместок, за да го стават својот објект во правна рамка“, вели Бочварски за емисијата „Топ тема“.

Според него, бројката од 50.000 дивоградби која беше објавена во јавноста не е паушална, туку 70 проценти се добиени од општините кои им дале некакви релевантни податоци.

„Со овој закон, кој беше предвиден уште во 2019 година во Сибранието, апсолутно не може секој да гради каде сака и колку сака и после да му се легализира“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „Топ тема“, коментирајќи го Законот за легализација на дивоградбите.

Според него, со пеналите предвидени со законот, се прави обрач за да им укажат на луѓето дека ваквото градење е недозволиво и дека во иднина нема да се дозволува.

„Ако во првиот Закон за бесправно изградени објекти, легализацијата беше за 1 евро за квадрат, денеска во овој Закон е пропишано, граѓанинот да плати 150 евра, што значи 150 пати повеќе, со цел да укажеме дека оваа постапка е поскапа“, оценува Бочварски.

Слични содржини