Бочварски: Изградбата на пругата кон Бугарија, ќе биде најважен капитален проект за идната година

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Блјаго Бочварски истакна дека Северна Македонија се наоѓа во фаза во која се неопходни крупни инвестиции во инфраструктурата како предуслов за закрепнување и брз развој на државата.

Tој вели дека се инвестира 4 милијарди денари во железницата, гасификација, водоводи и канализации, локални патишта и други капитални проекти. Бочварски се надева дека до март конечно ќе го распишат тендерот за изведувач на пругата.

„ Оваа пруга е апсолутно потребна, не само поради патничкиот транспорт, туку и за товарниот транспорт. Само за втората и третата делница имаме 91 мост кои треба да бидат изградени и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунел. Ние во моментов имаме товарен транспорт кој што го има обемот со 90 проценти а само 10 отсто е патничкиот транспорт. Секако дека е комплексен и тежок проект, се согласувам дека станува збор за многу средства, но ние треба да опстоиме затоа што не може нашата земја да биде изземена од овој регионален тек.“вели Бочварски.

Слични содржини