309
Министерството за транспорт и врски нема ниту едно прекршување како орган од Владата, во врска со фалсификуваните лиценци на превозникот, изјави министерот Благој Бочварски на прес-конференција.
Тој информира дека разговарал со државниот обвинител Љубомир Јовески и побарал веднаш да се преземе целата документација и да се истражи случајот.
-Испраќам и апел до институциите да продолжат со постапките. Кој и да го прекршил законот, ќе сноси одговорност. Каде и да се наоѓала грешката, таа одговорност ќе си ја сносат. Обврската за нови возила и барање извод од лиценца ја имаат правните лица кои вршат таков превоз и транспорт, рече Бочварски.