Бочварски: Министерството врши внатрешна ревизија која што постојано ги контролира издадените акти на превозниците

од Берта Китинска
232 прегледи

Согласно привичните информации синоќа имавме и прес конференција на која што ги изнесовме сознанијата, но во секој случај истрагата ја водат бугарските обвинители во кординација со македонските и ние сме на располагање да ги дадеме сите наши сознанија кои што ги имаме, вели изјави за Утрински брифинг министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

-Министерството и во овој момент работи и ги обавува своите обврски во делот на патниот сектор. Имаме сектор за патен сообраќај кој што јас го надргадувам постојано, каде што луѓето имаат обемна работа. Ние го вршиме административниот дел во однос на целиот склоп на постапки во делот на патниот превоз, односно издаваме лиценци на транспортните компании, вели министерот Бочварски.

Тој вели дека надзорот и контролата на јавниот превоз тоа го има Државни инспекторат за транспорт.

-Согласно европските регулативи инспекторатите се извлечени од министерствата за да бидат посебен дел од ресорот кој што ќе ја контролира работата и на тоа што е издадено како документација, но и работата на терен.Во делот на министерството имаме внатрешна ревизија која што постојано ги контролира издадените акти и тоа несомено се прави. Овде станува збор за склоп на институции. Јас не можам да ја контролирам работата на Државниот инспекторат за транспорт, на Царина, на МВР, додава тој.