Бочварски: Сакаме да направиме подобар модел на реализација на патните коридори

од desk4
276 прегледи

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, клучното прашање што треба да го отвориме пред јавноста и граѓаните е дали оваа држава е подготвена да ги креира законските можности, да овозможи брза реализација и изградбата на патиштата од проектот да ги направиме за пет години или за повеќе од шест, седум, осум години.

„Второто прашање е дали за време на енергетска криза, пакет во кој влегуваат и гасоводите, треба да направиме полесна процедура за изградба на гасоводите. Тоа се државни, национални, стратешки проекти. Има предлог на овие законски измени во собранието од пратениците, беа блокирани, на дел не се свикуваа комисиските расправи“, рече  Бочварски во интервју ан ТВ Телма.

Експресниот пат кој што се гради до Прилеп, изрази убедување Бочварски, дека и во минатото ќе бил готов, доколку било донесен законот.

„Но, зборуваме за 20 години. Една влада, друга влада, еден министер или друг зборува за изградбата на тој експресен пат кон Прилеп. Тој и денеска се гради, но со потешкотии, затоа што таму имавме изведувачи кои што беа на терен, кој што ја напуштија трасата, кој што влегоа во постапки на арбитражи. Денеска имаме нови изведувачи и патот сè уште не е готов. Токму поради тоа е овој модел. Сакаме да направиме подобар модел на реализација на патните коридори. Целта е да работиме со основни проекти кои се проектираат и работат во реално време, во фази и тоа е целта на измените на законите. Проектантот да може да испроектира една делница од еден автопат и од наредниот ден, практично да влезе изведувачот во работа за да може да имаме ефикасност на терен“, истакна Бочварски.

Тој посочи дека проектите, кои се стари и изработени во минатото, пред 10-тина или 15 години, покажуваат многу слабости кога се работат на терен.

„Не ја отсликуваат реалната состојба од таа која што е испроектирана на хартија до онаа која што е на терен, затоа што се случиле многу промени. Затоа тој модел се покажал дека не е добар. Пример за тоа е експресниот пат до Прилеп“, додава министерот за транспорт и врски.

Слични содржини