Бочварски: Со новото законско решение за дивоградби, нема да се дозволи легализација на објекти во заштитени подрачја

од Берта Китинска
356 прегледи

Законот за бесправно изградени објекти е во нацрт верзија, веќе се комплетира и и деновиве ќе биде доставен до Владата на усвојување по што ќе оди по редовна постапка, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Направивме сериозни дополнувања и подобрувања на квалитетот на Законот после сите опсежни консултации кои ги имавме и со Асоцијација на архитекти и со Комора на овластени инжинери и архитекти, со дел од политичките партии кои што дадоа свои сугестии, изјави Бочварски.

Тој напомена дека заштитените зони и подрачја кои во претходниот Закон беа третирани, со добиена согласнот од надлежното Министерство сега се целосно исфрлени од овој Закон, со што, како што рече, нема да може да биде ставен во правна рамка или во легална рамка објект кој што е во заштитено подрачје.

– Аспектот на проширување на границата е за оние категории на граѓани кои имаат ниски примања за да не плаќаат давачки кон општините, исто така за комунален надоместок ќе се прошири, ќе се опфати не само за социјално ранливите категории на граѓани, туку и со луѓето со ниски примања и секако ќе има прогресивно плаќање на комунален надоместок, согласно големината на објектот, заради тоа што овој Закон е суштински потребен за ранливите категории на граѓани и за граѓани на кои им е потребен покрив над глава, не за нечиј луксуз, рече Бочварски.

Слични содржини