Бочварски: Внимателно е одреден членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја

од Берта Китинска
279 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја.

-Во однос на ова прашање не случајно е вграден и членот во којшто се вели дека во таков тип на подрачја и зони, секако ресорното Министерство коешто е надлежно или органот на државна управа, треба да даде согласност за можно ставање во правна рамка на објект во таква зона. Така што, доста и внимателно е одреден овој член. Секако без согласност од Министерството за животна средина конкретно нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подраја, зони во национални паркови итн. И секако Охридскиот регион, регионот под заштита на УНЕСКО, е исто така исклучен согласно студиите коишто се на располагање на државата од УНЕСКО, и станбените згради со А2 намена исто така се исклучени, нема да бидат во постапки за ставање во правна рамка на такви големи градежни објекти и комплекси, изјави Бочварски.

Целта со овој закон, дополни, е плаќањето на пенали којшто е одреден, не легализација или ставање во правна рамка по едно евро за квадратен метар, туку полни комуналии колку што се плаќаат во матичната општина, плус 50 проценти казнени пенали.

Слични содржини