Бочварски за „Алумина“: Граѓаните ќе направат поквалитетен процес на носење на урбанистички план согласно нивните потреби

од Nikola Popovski
404 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информира дека преку 95% од општините имаат преземено ингеренции во дел на продажба и располагање со градежно земјиште. Во дел на урбанизам, сите општини имаат право да го урбанизираат својот простор.

-Дали во 2012 и 2013 година имаше вакви јавни расправи во однос на ДУП-ови во една општина? Ја постигнавме целта транспарентно да се носат постапките. Граѓаните на Карпош, Битола, Прилеп, Гостивар најдобро знаат. Советите ги гласаат урбанистичките планови. Владата нема право да гласа и да носи одлуки за некоја општина во државата, рече Бочварски во емисијата „Клик плус“.

Според министерот, нема стигнат во Министерството за транспорт и врски предмет за постапката за ДУП-от кај „Алумина“ во Карпош и тој и натаму се води во Општина Карпош.

-Граѓаните и нивната вклученост ќе направат подобар, поквалитетен процес на носење на урбанистички план согласно нивните потреби. Ако граѓаните сметаат дека во една општина треба да има повеќе зеленило и индустриски објекти, тогаш ќе го нотираат. Советите на општините се совети на граѓаните, тие ги избрале за да носат одлуки, кажа Бочварски.

Слични содржини