Боемска рапсодија е најслушана песна на дваесеттиот век

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Боемската рапсодија на Квин (Queen) е најслушана песна од 20 век на стриминг уредите, објави Universal Music Group на Твитер. Песната била преслушана повеќе од 1,5 милијарди пати.

“Боемска рапсодија” е напишана од лидерот на британската група Фреди Меркјури во 1975 година. Песната се одликува со необичен музички формат и четири различни стилови: а – капела, балада, опера, рок, кои непречено преминуваат еден во друг и завршуваат со рок.

Музичкото дело три пати беше на Билборд Хот 100: 1975, 1992 и 2018.