Богдановиќ: Доколку се суспендира урбанистичкиот план, а не се постигне посакуваниот ефект, ќе имаме големи штети

од Nikola Popovski
390 прегледи

На денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ извести дека доколку се тргне во постапка за суспензија на урбанистичкиот план, а не се постигне посакуваниот ефект може да се соочиме со штета.

Одлуката за суспензија со новиот закон, како што информира тој, сега е префрлена на Советот на Општина Центар.

– Иако немаме методологија за елаборатите, ние ги изработивме, ги наведовме нашите укажувања за недостатоци. За да се испорачаат елаборатите за мислење од страна на Министерството за транспорт и врски, за да се донесе конечна одлука за супсензија треба да се добие мислење од Министерството за транспорт и врски, кои ја немаат допрецизирано методологијата, рече Богдановиќ.

Седницата на Советот на Општина Центар беше прекината, откако претседателката на Советот констатираше дека по последната 16 точка на дневен ред (Информација за постапување по заклучок донесен од Советот на Општина Центар на 17 декември 2020 година) не можат да донесат ниту препорака, ниту заклучок.

Министер за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека Општина Центар не доставила елаборат за суспензија на ДУП-от за проектот кај „Холидеј Ин“.

-Утринава имав состанок со градоначалникот на Општина Центар, тие денеска имаат седница на Совет. Знаете дека деталните урбанистички планови се во сопственост на општините, ние сме само како контрола , така што нивна е одлуката која ќе ја донесат на седница на Совет. И по таа одлука ние очекуваме одговор за тоа дали ќе одат во насока на барање на стопирање на некои од плановите или за цел план, изјави Бочварски.

Тој кажа дека неговото министерство нема добиено  елаборат за суспензија од општина Центар.

Слични содржини