Претседателклата на советот имаше целосна поддрша во сите активности кои беа спроведени. Секако, во секоја работа има согласувања и несогласувања, вели градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ.
-Во секоја работа има согласувања и несогласувања, до сега најголемиот дел од одлуките за како за Деталниот урбанистички план односно Мораториумот сме докажале дека имаме исти ставови, начинот по кои ние ги спроведуваме треба да бидат по сите донесени закони и уредби. Јас не знам од што е незадоволна советничката, таа ја имаше целосната поддршка скоро во сите проекти, што ние како општина ги имаме спроведено, изјави градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.
Јана Белчева – Андреевска, која поднесе оставка на позицијата претседавач на Советот на општина Центар, вели дека не сака да биде дел од мнозинството кое не е подготвено за транспарентност а дозволува и нетранспарентни процеси.
„Не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту воља за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации“, вели Белчева во својот статус на Фејсбук.