Богдановиќ: Општина Центар ќе помогне во справување со пожарите

од Nikola Popovski
299 прегледи

Пожарите што ја зафатија Република Северна Македонија и прогласената кризна состојба на територијата на државата, Општина Центар и јас, како нејзин градоначалник, активно ќе се вклучиме да помогнеме со сите неопходни ресурси за смирување на алармантната ситуација и полесно справување со активните пожари на цела територија на државата, објави денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, општина Центар како локална самоуправа ќе дејствува одговорно и ќе ја даде потребната помош и поддршка за справување со пожарите и целосно ќе се ангажира со своите расположливи капацитети.

-Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, како резултат на зголемените температури, апелирам до граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат и да ја почитуваат забраната за движење во шумските предели, стои во објавата на Богдановиќ.

Слични содржини