130
„Како општина имаме поднесено најмногу пријави и како обвинителни акти и како прекршочни и најмногу пари враќаме во буџетот, бидејќи тоа е интересот кај сите“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, општина Центар е една од ретките општини која што има вратено средства во својот буџет од завршен судски предмет.
„Минатата година 4 милиони евра се вратени во буџетот. Како општина сме незадолжени и ќе ги завршиме проектите“, истакна Богдановиќ.