Богдановиќ: Општина Центар презема одредени чекори и чека одредени завршници за Скопје 2014

од Берта Китинска
340 прегледи

Целта на денешната презентација на Предлог-деталниот урбанистички план за Мал ринг е да се каже што е променето во деталниот урбанистички план. Затоа нашиот повик трае 30 денови заради осетливоста на планот, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

– Не треба да има повлекување на Предлог-деталниот урбанистички план за Мал ринг, бидејќи тогаш ќе треба да ја почнеме постапката каде нема да имаме можност да држиме мораториум од шест месеци, односно се што било планирано во претходен или во некој друг план би требало да се гради. Општина Центар ќе ги отвори сите прашања што се е преземено од наша страна за борба против Скопје 2014. До сега само слушам од институции, поединци, здруженија зборови против Скопје 2014, а досега никој ништо конкретно не преземал. Општина Центар презема одредени чекори и чека одредени завршници. Но, додека не се завршат одредени судски процедури, вие не смеете да чепкате нешто или да поместувате нешто се додека на суд не се заврши ситуацијата, изјави Богдановиќ.

Слични содржини