127
Листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ за општина Центар е гаранција дека најавените проекти од програмата на кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ ќе се реализираат, порача вчера кандидатот на СДСМ за Центар.
– Добриот тим гарантира успех, а јас ја имам потребната гаранција дека ќе бидам успешен градоначалник во мојот тим од идните членови на Советот на Општината Центар, со кои ќе работиме сите ние заедно. Ние сме одлична екипа, а сакаме да постигнеме организиран, солидарен, пријателски, чист и зелен Центар, односно општина каде животот ќе има нијанси и димензизи – истакна Богдановиќ.
Според него, подеднакво се застапени и мажи и жени и млади и стари, проактивни граѓани, професори, стручни лица, и нагласи дека ваквиот состав на членовите на Советот ќе се занимава со проблемите на сите категории на граѓани.