Речиси 50 години е стара идејата да се градат висококатници во Скопје спроти паркингот на хотелот Холидеј ин. Тоа го тврди градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, идејата потекнува од јапонскиот архитект Кензо Танге, но „нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот“.
-Нашата задача е посебно со тој план да има намалување на висината и правење зелена површина. Сакам само јавно да кажам, да се знае дека истиот план бил во 2012, а во 2002 се планирани стокатнци. И во време на Кензо Танге, кога се правел планот, испланирно е таму да има некој вид блокови, изјави Богдановиќ за Телма.
На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило.
По тој повод денеска реагираа и од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.