Богдановиќ за „Локално“: Цената на земјиштето не ја утврдува општината туку Владата

од Берта Китинска

Цената на земјиштето на место спроти зградата на Нова Македонија не ја утврдува општината туку Владата, вели во изјава за „Локално“, поранешниот градоначалник на општина Центар – Саша Богдановиќ во врска со обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кои тврдат дека тој склучил договор со инвеститорот да го продаде државно земјиште за цена од 1 евро по метар каде е планирана изградба на објект во висина од 15 ката.

-Земјиштето е откупено, бидејќи кога сте сопственик на објект имате право да го купите земјиштето под објектот бидејќи, не може друг да го купи вашиот по добјект и да направите дооформување согласно парцела предвидена со детален урбанистички план. Бидејќи станува збор за ваш објект само вие можете да го купите и затоа се прави непосредна спогодба. Цената не ја утврдува општината туку ја утврдува Владата. Ние само сме постапувале според тоа. А другото земјшите е откупено односно отуѓено од страна на министерството. Што се однесува до цената ние не ја одредуваме како општина тоа е правилник по кој работат сите општини во државата, вели Богдановиќ.

Опозициската партија денеска информираше дека на место спроти зградата на Нова Македонија, се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката.

-15 ката висина кога ќе се помножат по 2 илјади евра за метар квадратен, доаѓаме до вредност од 30 илјади евра за метар, вели Синиша Ивановски од ВМРО ДПМНЕ.

Тој посочи дека решението на Министерството за финансии со кое се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на ова градежно земјиште е донесено на 29.12.2021, а на тоа му претходи договор меѓу поранешниот градоначалник на општина Центар – Саша Богдановиќ и инвеститорот склучен на 2.10.2020 за цена од 1 евро по метар.

Слични содржини