Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во интервју за Канал 5 говореше за просторот кај поранешната фабрика „Треска“.
-Критериумите кои ќе бидат утврдени за конкурсот за „Треска“ ќе бидат утврдени од комисијата која ќе биде формирана од градоначалникот, ќе бидат вклучени сите архитекти, сите луѓе кој се подносители на иницијативата, асоцијации, комори кои сакаат да дадат придонес за подобро планирање на тој простор.
Според деталниот урбанистички план од 2012 година на тоа место има нула проценти на зеленило, ние ќе понудиме нешто ново, ќе ги кажеме потребите на општината ќе избереме најдобро решение кое е во интерес на граѓаните, рече богдановиќ.
На прашањето кога да очекуваме нов изглед кај просторот на поранешната фабрика „Треска“, Богдановиќ рече дека нема да се брза.
-Ќе ја формираме комисијата кога ќе завршиме со сите консултации внатре во службите и со сите иницијатори кои беа поднесени, потоа одиме со втората комисија која треба да го распише конкурсот и таа да го избере најдоброто конкурсно решение.
Се надевам дека во текот на оваа година ќе се избере најдоброто решение, не сакам да лицитирам со бројки, бидејќи погрешно се толкуваат. Повеќе од две години има мораториум на тој простор за неизвршување на планови, оставаме доволно простор за да може да се избере најдоброто решение. Не брзаме, колку е потребно време толку ќе оставиме за да се избере најдоброто решение, кое ќе го поддржат луѓето, заклучи Богдановиќ.