Богдановиќ за висококатниците спроти „Холидеј ин“: Не кренавме раце, не се плашам од кривична одговорност

од Nikola Popovski
433 прегледи

„Не кренавме раце, доказ дека сме се бореле до крај е и после првата пресуда од Уставен суд, односно времената мерка, каде после неа донесовме и втора. Ние најдовме начин за втора и со тоа покажавме дека сме желни и спремни да ги смениме ДУП, при што доказ дека имаме променето  8 ДУП-ови“, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за емисијата „Жешко политичко лето“, одговарајќи на прашање со издадената градежната дозвола за градење на првата од трите 20-катници кај „Холидеј ин“.

Според него, ако како општина правите нешто на своја рака, можете да платите огромни пенали, а да не постигнете ништо.

„Нашата задача е да продолжиме со ревидирање на плановите и во начинот на спроведување на старите постоечки, кои за жал, се потврдени од Уставниот суд. Не се плашам од кривична одговорност, затоа што овој ДУП не го донесов или општината. Општина Центар ги отвори очите за овој предмет“, наведе Богдановиќ.

Спроти „Холидеј ин “ прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на Плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката. За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

Слични содржини