Екс-градоначалникот, Саша Богдановиќ информира дека добил понуда од лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за да се приклучи во неговото движење. Вели дека се отчленил од СДСМ пред последните парламентарни избори. Истакна дека нема да стане „вмровец“.
-Со Максим Димитриевски се имам видено двапати. Ми има кажано дека ќе ме стави на анкети (како кандидат за градоначалник на Центар), чисто за да го измери пулсот на граѓаните дали би можел да имам поддршка. Немам уште како завршиле анкетите, но, јас му реков дека доколку смета на мене, може да рачуна. Разговаравме за сосема нешто друго, но, отворивме тема и за политика. Јас му реков дека најмногу се пронаоѓам во локалната самоуправа бидејќи имам најголемо искуство. Ме праша дали сум заинтересиран за членство во ЗНАМ, но, во тој период имав семејни обврски и не можев. Мислам дека сега доколку седнеме да разговараме, да видиме во која форма би ме гледал. Би се зачленил доколку можам нешто да му придонесам. Имам доволно искуство за некоја позиција во која можам да дадам допринос, рече Богдановиќ во поткастот „Претрес со Ландов“.