Богдановска возач во ЈСП: Не е едноставно да се сообраќа низ Скопје особено во метежот кој е резултат на сообраќајната (не)култура

од Берта Китинска
930 прегледи

Јавното сообраќјно претпријатие Скопје, ЈСП има три жени возачи. Една од нив е Сања Богдановска 38 годишна жена, сопруга и мајка на три деца (17 , 13 години и 16 месеци). По професија е економски техничар, а во ЈСП работи како возач од ноември 2012 година. Богдановска во интервјуто за Стандард раскажа како е да се биде жена шофер низ скопските булевари како се однесуваат патниците кои го користат градскиот превоз.

Таа вели дека љубовта и желбата да вози автобус ми е пренесена од татко и кој исто така бил возач во ЈСП.

-Честопати, знаеше да ми каже „сине, можеш и ти да бидеш возач, храбра си“.Сега, слични коментари и поддршка добивам и од мојот сопруг.Истовремено, сметам дека било која професија, работа е лесна, доколку те исполнува.Така мене, управувaњето со автобусот ми е како песна.Но, не е едноставно да се сообраќа низ Скопје, особено во сообраќајниот метеж кој е резултат на сообраќајната (не)култура на дел од учесниците во сообраќајот.Поголем дел од луѓето немаат трпение, особено во деновите кога ќе заврне дожд и се случува невообичаен метеж.Јавниот превоз директно е засегнат од несовесни возачи кои се паркираат на автобуски постојки, што директно нам ни создава проблеми.Голем проблем е и непочитувањето на предноста на автобусите, не се внимава на престројување, што често создава метеж, кој на моменти може да ја загрози и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Затоа, апелирам до сите, на поголема трпеливост и пред се, да го задржиме нивото на сообраќајната култура за доброто на сите.Да не заборавиме дека невниманието и брзањето можат да резултираат со грешки и несакани последици, вели Богдановска.

Целото интервју прочитајте го на Стандард:

 

https://standard.mk/makedonija/intervju/sana-bogdanovska-vozi-gradski-avtobus-zhenite-ne-se-poloshi-vozachi-od-mazhite-tie-samo-se-povnimatelni-i-pokulturni/

 

Слични содржини