Богоев бара трпение и очекува да не бидат спуштени рампите на граничните премини

од Nikola Popovski
412 прегледи

Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев очекува да не дојде до спуштање рампите на граничните премини доколку не се реши проблемот на вработените во Царината,  кои бараат исплата на додаток на плата од 30 отсто.

Тој излезе меѓу вработените пред седиштетото на Царинската управа.

-Излегов за да поканам претставници на синдикатот и на вработените да дојдат и да ми ги кажат нивните барања. потоа нормално со службите во Царината ќе разговараме што досега е направено и во координација со УЈП која има сличен проблем, ќе разговараме со Министерството за финансии. Во моментов не можам да ветам, ниту да кажам ништо и мислам дека е логично и барам да добијам некое време за да се запознаам со работата, кажа Богоев во изјава за новинарите.

Слични содржини