Богоев: Чиста коинциденција е што најсоодветните кадри во СДСМ се од Карпош

од Nikola Popovski
411 прегледи

Новиот потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев најави дека партијата во наредниот дополнително ќе се отвори за јавноста, особено преку новиот систем на комисии, кои партијата ќе ги реактивира.

-Во таа насока е основан Советот за креирање и имплементација на политики, кој ќе биде предводен од професорот Игор Ивановски. Во него ќе бидат вклучени многу експерти. Ќе се привлече кадар кои не се членови на партијата. Очекувам интензивно теренско активирање и теренска работа на СДСМ, рече Богоев во вклучувањето во вестите на ТВ 24.

Поранешниот градоначалник на Карпош особено го радува фактот што луѓе од различни сфери се дел од новите партиски органи на СДСМ.

-Во ИО на СДСМ има луѓе кои што сум ги гледал од времето на Бранко Црвенковски, луѓе од времето на Зоран Заев, но и нови лица кои биле членови, но сега интензивно се вклучуваат, потенцира Богоев и додава дека е „чиста коинциденција тоа што најсоодветните кадри во СДСМ се погодило да бидат од Карпош“.

Слични содржини