Богоев: Немам службен телефон, претходно по 550 евра од буџетот биле одделувани за Јакимовски

од desk2
120 прегледи

Откако во текот на изминатите денови во јавноста се лиферуваа информации дека градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, користел службен телефон за кој месечно трошел 550 евра, тој се огласи на Фејсбук каде што напиша дека не поседува службен телефон, и дека го користи приватниот.

„Јас не поседувам службен телефон, туку го користам својот приватен мобилен телефон, кој сам го плаќам.

Во врска со изнесените лажни наводи за наводните трошоци од 550 евра за службен телефон, должен сум да ја информирам јавноста.

Околу претпоставената сума, со која се манипулира по социјалните мрежи, информирам дека станува збор за идентично пресликана буџетска ставка од ланскиот Буџет (Буџетот за 2017-та) година, која се однесувала на потребите на тогашниот градоначалникот.

Новиот Предлог – Буџет за 2018 година ќе биде тема на расправа на следните седници на комисиите на Советот на Општината, како и на седница на Советот на Општина Карпош, кој во основа, овој пат, има рестриктивен карактер. Инаку, интенција на буџетот за наредната година е да се оди на минимализација на трошоците по повеќе основи, односно Буџетот да биде стабилизациски, со цел да се консолидира финансиската сосотојба во Општината и расположливите средства да се насочат кон вистинските приоритети и потреби на граѓаните.

Ниту имам потреба ниту во било која прилика сум побарал толкав износ за телефон кој би го користел за службени потреби“, напиша Богоев на Фејсбук.