Потпретседателот на СДСМ, Стгефан Богоев на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во општина Центар, порача дека СДСМ во во оваа кризна година покажала што значи вистинска грижа за граѓаните и дека следната, 2023 година, ќе биде година на економски пресврт.
– Проекците на ЕБОР се дека македонската економија следната година ќе расте околу 2,3 отсто, а поткрепа во тоа ќе има и во Буџетот кој е развоен и е одговор на светската економска криза. Во Буџетот се предвидени средства за нов раст на пензиите, за околу шест отсто, повторно ќе расте и минималната плата. Над 50 отсто повеќе средства се предвидени за капитални проекти, се нови атопатишта, нови детски градинки и училишта, нови водоводи и канализации, порача Богоев додавајќи дека и покрај обидите за блокада од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, државата сигурно чекори кон европскиот пат и го почна процесот на преговори за полноправно членство во ЕУ.
Членката на ЦО, Размена Чекиќ посочи дека антикризните мерки што Владата ги презема даваат резултат и се осврна на последната мерка за обезбедување на фиксна цена на електричната енергија за компаниите производители на основни продукти, истакнувајќи дека благодарение на таа мерка, веќе има намалување на цената на лебот, маслото за јадење и млечните прозиводи и дека во периодот што следи тие цени дополнително ќе се намалуваат.