270
Поранешниот градоначалник на Карпош и член на СДСМ, Стефан Богоев смета дека не е вистина дека СДСМ ѝ угодува на ДУИ.
-Лани првпат имавме ситуација за заеднички листи, каде што имавме етнички македонска и етничка албанска партија. БЕСА имаше и пратенички места и тоа е сериозен респект и подадена рака кон партијата уште од почеток. Нормално таа синергија ја донесе победата за коалицијата. Јас колку што знам, министерството за земјоделство е сериозен ресор и оставката на Хоџа е сериозен ресор, така да верувам дека може имало одредени несогласувања во владеачката коалиција. Што се однесува за Тетово во вториот изборен круг, не верувам дека СДСМ стави „тег на вагите“ и го одреди победникот, вели Богоев во емисијата „Само вистина“.