Богоев: Секојдневно работиме на надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Две години Карпош пулсира во духот на урбаното, зеленото и домаќинското работење. Секојдневно работиме на надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина“, вели денеска Стефан Богоев во својот отчет за две години работа како градоначланик на Општина Карпош.

„Општината ја преземав со долг од 18 милиони евра. Локална самоуправа која беше во финансиски колапс, симбол на криминалното работење, со изгубена доверба од сите страни. Но, наместо оправдувања понудивме работа. Докажавме дека може поинаку! Додека ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски се смеат на користењето на грантови и донации, слободно можам да кажам дека тоа е одраз на домаќинско работење“, посочува Богоев.

Слични содржини