Богоев: Уште пред неколку месеци посочив дека немам амбиција за втор мандат во Карпош

од Nikola Popovski
307 прегледи

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев попладнево упати искрени честитки до Душко Весковски, новиот кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ.

-Верувам дека Дуле нема да отстапи од програмските определби за заштита на животната средина, планска и хумана урбанизација (дисперзирање на градбата од урбаното јадро кон периферијата), заштита на јавниот простор, интензивно одржување на јавната хигиена. Впрочем, заедно, за овие цели се залагавме и во кампањата за локалните избори во 2017 година, истакнува Богоев.

Тој посакува Карпош и следната година да биде најтранспарентна општина и државна институција, затоа што само тоа е одраз дека корупцијата се искоренува, а граѓаните се дел од носењето на одлуките.

-Уште пред неколку месеци, пред раководството на партијата посочив дека немам амбиција за втор мандат во Карпош. Се договоривме да преземам одговорност во централната власт, но во овој момент се фокусирам на успешно завршување на градоначалничката позиција. Во најголема мера ова е моја лична одлука, иако на анкетите (членство/јавност) бев убедливо прв, со сигурна победа во првиот изборен круг. Зошто оваа одлука? Затоа што иако сум млад, не се водам од таков тип на емоции и еуфорија за изборна победа. Не поаѓам секогаш од себе и знам дека СДСМ ќе нижи уште многу успеси и победи во Карпош. Затоа што сметам дека Карпош е повторно на здрави нозе; финансиски стабилизирана општина; ја вративме довербата во локалната самоуправа; урбанизацијата е во одреден колосек; направивме нови градинки, маалски паркови, ги подобривме условите во основните училишта…, информира Богоев за одлуката на партијата да го кандидира Весковски.

Тој додава има енергија, искуство и знаење успешниот пример од Карпош да го пренесе и во друга институција.

-Со тим на луѓе, програма за работа и зацртани цели може да продолжиме да ги менуваме работите, смета Богоев.

Слични содржини