357
Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина, одговори градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, објаснувајќи дека засега само на партиско ниво во СДСМ е разговарано за опцијата да биде назначен за директор на Царинската управа кога ќе заврши неговиот мандат.
– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале за партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејудицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев.