Богоев во Витаминка: Македонските компании се нашите најголеми амбасадори и оттаму наша должност е да овозможиме подобрување на условите за водење бизнис

од Nikola Popovski
245 прегледи

„Македонските компании се нашите најголеми амбасадори и оттаму наша должност е да овозможиме подобрување на условите за водење бизнис што на компаниите ќе им овозможи освојување на нови пазари каде не претставуваат како држава. Витаминка извезува на четири континенти во повеќе од 30 земји, при што само минатата година остварила извоз од 20,5 милиони евра. Царинската управа како партнер на бизнис заедницата е посветена на спроведување реформски политики што ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании, проширување на нивните производствени капацитети, и поголема вработеност”, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на кондиторски производи „Витаминка”.

При реализацијата на мерките, додава Богоев, клучно е да се слушне мислењето на компаниите, се со цел да се има јасен увид во резултатите на реализираните мерки.

„Преку континуираниот дијалог заедно креираме мерки и политики коишто го забрзуваат транспортот и ја олеснуваат трговијата. Како Царинска управа посветени сме на подобрување на услугите кон македонските компании и сузбивање на криминалот и корупцијата. Истовремено, компаниите од нас чекаат испорачување на ветеното и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар”, истакна Богоев.

Директорот за правни и општи работи во Витаминка, Орде Георгиевски вели Витаминка е една од првите компании кои се стекнале со статус за овластен економски оператор, што како доверлив партнер им овозможува побрз проток на стоката.

Одобренијата кои ги имаат за овластен економски оператор, извоз за oблагородувањепоедноставени постапки за увоз и извоз, одобрение со крајна употреба, и одобрението за овластен корисник крајно им овозможува поголема конкурентност, а преку заштеда на средства, олеснети постапки и побрз транспорт.

Слични содржини