Не се плашите вие ни од кантонизација, федерализација, двојазичност или бинационалност. Вие се плашите од сосема нешто друго. Да имавме функционална власт досега Македонија можеби ќе беше ослободена од канџите на УБК која се уште нема никаков надзор, рече пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, денеска во Собранието.

Обраќајќи се кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рече дека „додека САД, ЕУ и НАТО даваа милијарди во вашата влада вие немавте проблем“.
– Свесни ли сте што правите? Ако не ја блокиравте работата цели 108 дена досега ќе расправавме за законот за конфискување за противправно стекнат имот, сега ќе расправавме за враќање на милијардите изнесени од државата – додаде тој.