„Од краткорочна перспектива, тоа што влева надеж е интензитетот, со кој што се става притисок врз Бугарија, а од долгорочна страна, посебно оптимистички е дека успеавме да ги обединиме 26-те земји членки на ЕУ да застанат зад нас и да ни дадат поддршка на долги патеки, да ја завршиме оваа работа што е можно побрзо“, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски за емисијата „Само вистина“.
Според него, тие што ни даваат поддршка за интеграцијата во ЕУ пред референдумот, продолжуваат да не поддржуваат и до ден денес, а дека ние имаме проблем со некој што не ветуваше поддршка пред референдумот за Преспанскиот договор.
„Не е добра опција да се повлечеме од Договорот за добрососедство. Предлозите доаѓаат само од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Што би добиле доколку се повлечеме“, прашува Богоевски.