Богоевски: ВМРО-ДПМНЕ преку Чулев, промовира непочитување на мерките, а СДСМ не оддолеа на притисокот на верските заедници

од Берта Китинска
226 прегледи

Сите ние ги живееме последиците од неодговорноста на мала група луѓе.Избори треба што поскоро да се случат, со цел оформување на функционални институции кои ќе го санкционираат непочитувањето на мерките за заштита во борбата против Ковид 19, изјави поранешниот пратеник Павле Богоевски во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Богоевски, кој по пратеничкиот мандат се префрли во Институтот за социјална демократија – Прогрес, смета дека мала група луѓе уште од самиот старт на кризата се однесува неодговорно.

-Сите ние ги живееме последиците од неодговорноста на мала група луѓе. Гледаме како полицискиот час не се почитува во одредени населени места, најчесто каде има потреба од најригорозна примена. Не се спречува непочитувањето. Ова ниво на непочитување не е ништо ново. Овој игнорантски однос и опасен однос на дел од јавноста постои од самиот почеток на кризата и расте паралелно со порастот на неказнивоста на таквото однесување, вели Богоевски.

Тој причините ги наоѓа во немањето функционални институции, немањето датум за избори, кои вели, мора да се случат, и затоа партиите се во постојана кампања.

-Се работи за комбинација на премногу авторитативна позиција на религиските заедници итн. Имаме околности, да речеме ВМРО-ДПМНе на пример, преку својот министер во МВР, преку објавите во медиумите, прво пасивно а потоа и активно промовира непочитување на мерките за заштита. Кулминира со расшетувањето на Мицкоски во теретани и кафани спротивно на мерки и со отворените повици на Чулев да не се казнува непочитувањето на мерките. Од друга страна, целата влада и СДСМ не оддолеа на притисокот на верските заедници. Тоа не резултираше само со олабавување на полицискиот час туку и со целосно прекршување и непочитување на полицискиот час. Па така имавме во православната заедница литургии со лажички, а кај исламската заедница пак, имавме масовно убедување дека короната не постои за потоа да има наводен триумф над вирусот, пред самиот втор пик, анализира Богоевски.

Слични содржини