Богојавление Водици (19 јануари) неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

од Vladimir Zorba
73 прегледи

   Петок, 19 јануари 2018 година е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, информираше денеска Министерство за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја 19 јануари е неработен ден и истовремено, им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.