366
Најголемата грешка на сите нас ќе биде ако влеземе во грчко сценарио на бугарското прашање, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески гостувајќи во емисијата „Само вистина“.
Според него, бугарскиот проблем е трипати поголем од грчкиот, што значи ако грчкиот го решивме за 30 години, за бугарскиот ќе потрошиме 90 години.
„За да не ни се случи тоа, мораме да дејствуваме додека железото е жешко. Уште вечерва премиерот Заев да си поднесе оставка“, побара Богојески, нагласувајќи дека потребна е експертска влада, која ќе биде пандан на Владата во Бугарија.
„Грција престана да го имплементира Договорот од Преспа“, категоричен е Богојески.