Богојески: Мицкоски ревносно ги исполни сите задачи кои ги доби од господата Груевски, Мијалков и Протугер!

од Vladimir Zorba

Мицкоски ревносно ги исполни сите задачи кои ги доби од господата Груевски, Мијалков и Протугер! Целта беше да се спречи правдата, да се спасат криминалците, да се уништи СЈО, да се замени името Македонија за личната слобода на малкумина, а не да се реформира ВМРО ДПМНЕ и да се победи на избори!, сподели Петар Богојески од Македонски Концепт.

Според него, новиот Статут на ВМРО ДПМНЕ не се имплементирани ниту 50% од предлозите на Внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ, а изборот на лидерот и неговите момоци, останува по негова слободна волја, без никаква суштинска измена од досегашната пракса.

„До сега не е направена измена на ниту еден друг акт на партијата, особено на скандалозните решенија за борба со „домашните предавници и надворешни душмани”!“, посочува тој.

Слични содржини