Богојески на средба со граѓани: Со ваша поддршка можеме да го менуваме општеството во кое живееме

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Големо незадоволство од досегашните политики и досегашниот избор од помало и поголемо зло. Граѓаните се презаситени од празни изборни ветувања и немање избор. Тоа се основите пораки кои граѓаните во Скопје ги споделија со Петар Богојески, носител на листа на кандидати за пратеници од ИЕ1 за Македонски концепт.

Граѓаните сакаат нормален живот во општество кое нуди фер услови за сите подеднакво, сакаат институции кои ќе работат во служба на граѓаните, а не за лични интереси на одредени политички фигури кои ги окупираа институциите како да се нивна приватна сопственост. Граѓаните сакаат народни пратеници, оние кои ќе ги застапуваат нивните проблеми и интереси и ќе одговараат за постапките пред граѓаните.

„Сегашната влада, опозиција и систем поставен од истите не можат да се санираат, напротив, мора целосно да се променат. Затоа на Македонија денес и е потребна искрена и конзистентна опозиција, која е подготвена да се бори за иднината на граѓаните, а не за себе. Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта. Заедно со вашата поддршка можеме да покажеме дека го менуваме општеството во кое живееме, како и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните. 10ка е број кој менува. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени”, изјави Богојески, носител на листа во ИЕ1 за Македонски концепт.

Државата има потреба од политичари и народни пратеници што ќе сторат сé што е потребно за да ја вратат слободата на граѓаните, спокојот на секојдневието и меѓусебната солидарност и да обезбедат услови за живот во држава со која сите граѓани ќе може да се гордеат. Македонски концепт се залага да биде таа сила за доброто на сите. Гласот за број 10 значи промена за подобро утре. Ова е последна шанса за враќање на државата во рацете на граѓаните.

Слични содржини