Настапуваме храбро и сакаме да се „тепаме“ со посилните. Сведоци сме на негативна кампања со премногу омаловажувања на лична основа и премалку конструктивна дебата помеѓу нас кандидатите. Едвај се појаввиме на неколку тв дебати со конкуренцијата. Скоро не се ни појавија вистинските конкуренти. Професорката Силјановска и Апасиев избегаа од дебата. Со тоа покажаа дека не се подготвени да се дебатира со конкуренти, туку само да се користи црна кампања како адут, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.
-За време на кампањата не постои голем или мал, достоен или недостоен противник. Секој кандидат во изборната единица е кандидат на исто рамниште и сите започнуваме од почетна поддршка. Она кое го направија како најголем проблем сите политички партии без исклучок е засилување на апатијата кај граѓаните и желбата што помалку да се излезе на гласање. Јас апелирам дека со неизлегување на гласање им помагаат на оние кои ги натерале да се чувствуваат така. Единствен начин да се направи промена на политичката сцена со нови актери е да се излезе на гласање, изјави Богојески кој додаде дека Македонски концепт очекува поддршка од граѓани со силен личен интегритет, индивидулаци, луѓе кои се свесни за ситуацијата во земјава.