175
Реформаторот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески на вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, ги нарече новите советници на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски испукани куршуми.
„Се чини како џојстикот на раководството на опозицијата да е во раце на власт, тоа се гледа од новиот тим советници на Мицкоски. Овој состав предизвика големо разочарување кај членството на ВМРО-ДПМНЕ, испукани куршуми, луѓе од времето кога Груевски најавуваше преродба, истите луѓе ги гледаме, луѓе кои немаат ништо идеолошки со ВМРО-ДПМНЕ или со десница, барем да беа десничари“, кажа Богојески.