-Тоа е смешно тврдење и сеење лажна надеж. Скапо ќе го платиме тоа за врема на следните парламентарни избори бидејќи граѓаните ќе станат свесни дека тоа е невозможно сега во овој историски контекст и ќе си ја побараат сметката за тоа. Мора да најдеме начин професорката Силјановска да ја направиме свесна и за долгорочните интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам колку е свесна но со тие изјави кои ги дава ги затвора вратите на ВМРО-ДПМНЕ и тие врати после тешко се отвораат. Откако е Мицкоски лидер свесни сме дека е тешко тие врати што ги затвори Груевски да се отворат. Наместо професорката Силјановска да води модерна кампања и да понуди дополнителна вредност, ние одиме во екстреми кои дополнително ги затвораат портите – рече Богојески во вечерашната дебата на „Само вистина“.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ започна со користење на терминот „Република Северна Македонија“ во официјалната комуникација со државата, преку поднесување на амандманите за Законот за јавно обвинителство.
-Збунувачки делува за нашите членови, од една страна го користиме новото име, од друга страна кандидатот ветува дека нема да го употреби, ниту да го изусти тој термин. Треба да се соочиме со реалната политика и ни требаат храбри чекори – посочува Богојески./Fokus