Богојевски: ВМРО-ДПМНЕ бојкотираше за спас на Груевски, а не против промена на името

од Viktor Jovanov

Во ВМРО-ДПМНЕ немаше грижи за името Македонија, имаше грижи како да се спаси Груевски. Немаше бојкот за да се спречи промената на името. Целиот тој бојкот беше ставен под маса за да се издвои слобода за Груевски и луѓето околу него. Кога зборуваме за патриоти и предавници, граѓаните треба да размислат каде се патриотите каде предавниците. Доколку беа патриоти ќе гласаа против на референдумот, но тоа не беше целта на партијата. Целта беше да се заштити Груевски, вели поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски.

Тој додава дека сепак во оваа партија има луѓе меѓу кои сакаат овој пратенички состав да го ратификува договорот за НАТО.

-Навистина не е едноставно за тие што сме членови и идеолошки блиски на оваа десничарска партија кога стануваше збор за НАТО и ЕУ интеграциите. Јас се согласувам со тоа овој состав заслужува такво нешто после се што помина, вели Богојевски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е претворена во идеолошки казамат односно дека генерира перманентни кризи на политичкиот систем кои го нарушуваат државниот систем и дека тоа е сериозна работа и членовите на оваа партија мора да се изборат против тоа во идниот период.

Слични содржини