Неколку часа по масакрот во Нешвил, локалната христијанска црква во Вудмонт одржа богослужба за жртвите од пукањето во училиштето.
Припадничка на таа црква е сестрата на една од жртвите убиени од Одри Хејл.
Со солзи во очите и треперлив глас, свештеникот Клеј Стауфер рече дека една од жртвите, Евелин Дикхаус, била третоодделенец, а нејзината две години постара сестра планира да се крсти за неколку недели.
Сестрата на Евелин, плачејќи, кратко рече: „Не сакам да бидам единствено дете“.
Во меѓувреме, најмалку десетина луѓе присуствуваа на бдение во Обединетата методистичка црква Белмонт.
Да потсетиме, 28-годишната Одри Хејл уби шест лица, меѓу кои и три деветгодишници, во едно христијанско приватно училиште во Нешвил.
По тој повод се огласи и претседателот на САД Џозеф Бајден, а полицијата го соопшти идентитетот на сите жртви.