Бојмацалиев го посети СВР Тетово: Ја гарантираме безбедноста за секој граѓанин да може да го оствари правото на глас

од Nikola Popovski
242 прегледи

Денеска, (29.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководствата на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во рамки на серијата посети што следуваат периодов низ Секторите за внатрешни работи низ целата држава, а со цел увид во постигнатите резултати и маркирање на идните активности.

„Минатата недела започнавме со серијата посети на секторите за внатрешни работи, стартувајќи со СВР Куманово. Денеска сме во работна посета на СВР Тетово да се запознаеме со безбедносната состојба на ова подрачје. Притоа, од страна на раководството бев информиран за поволната безбедносна состојба, како и за резултатите по акциите насочени кон сузбивање на повеќе форми на криминал”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика за резултатите на оваа организациона единица.

„Во однос на криминалитетот во наведениот временски период извршени се вкупно 301 кривично дело на подрачјето на ПС Тетово извршени се 194 кривични дела, додека на подрачје на ПС Гостивар извршени се 107 кривични дела. За сторените дела поднесени се вкупно 174 кривични пријави. Откривачката функција на извршените кривични дела на ниво на СВР Тетово постигната е севкупна eфикасност од 31%. Во областа на недозволена трговија со дрога во текот на овие два месеци од 2024 година откриени се вкупно 16 кривични дела.
Вредно за одбележување овој период на подрачјето на СВР Тетово (ПС Тетово и ОВР Гостивар) спроведените девет акциски контроли, со цел откривање на странски државјанки кои нелегално престојуваат и работаат во угостителски објекти на нашето подрачје како танчерки и пеачки, во 21 угостителски објект, при што затекнати биле вкупно 27 женски лица”, рече Бојмацалиев.

Притоа, тој упати порака да се работи исклучиво по закон и на страна на граѓаните, без подлегнување на притисоци или уцени.

„Ние сме тука да служиме на граѓаните професионално, да гарантираме безбедност за време на изборниот процес за да секој граѓанин може да го оствари своето право на глас”, подвлече Бојмацалиев.

Слични содржини