Арктит повторно е централна тема кога станува збор за стратешката поделба на силите, а новата полемика ја покрена веста која стигна од Велика Британија.

Имено, Лондон пред неколку дена објави дека во тој регион подготви нова одбранбена стратегија, која пред се е заснована на реакцијата на наводната руска закана.
Новата стратефија, според зборовите на британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, ќе му овозможи на Лондон поефикасно да ги следи активностите на руските подморници, но и да се погрижи оружените сили да бидат добро распределени за успешен одговор на секоја можна закана, пренесе Спутник.
лондон во Норвешка прати 800 морски пешадијци и специјалци, кои ќе соработуваат со војниците од таа земја, како и со морската пешадија на САД и Холандија, додека за следење на движењето на руските подморници ќе биде користен, меѓу другото, и авионот “Пе-8 Посејдон“.
Григориј Добрмелов, директор на московскиот Институт за применети политички истражувања, смета дека ова прашање треба да се разгледува во контекст на политичките односи меѓу Русија и Велика Британија, па дури и пошироко, меѓу Русија и НАТО, затоа што Лондон во моментот нема позначителни интереси на Арктик.
Како што појаснува тој, постојат низа проекти кои го интересираат Лондон, но во моментот нема никаква потреба од финансирање на свое воено присуство на Арктик. Оваа одлука на Лондон, според него, првенствено е поврзана со општополитичкиот контекст и намера да се одговори на Русија поради нејзиното зајакнато пруисуство на Арктикот.
Потсетува дека Русија во последните неколку години успеала да го обнови својот воен потенцијал во Арктикот, бидејќи до неодамна трендот беше Русија да се повлекува од тој регион, а базите една по една се затвораа.
„Но, дега е веќе појасно дека Русија доминира на Арктикот, а на тоа во прилог му одат и фактите дека до сега се отворени неколку нови воени бази, што и предизвикува загриженост на Алјаска“, вели тој.
Добромелов предупредува и на тоа дека меѓународната јавност во наредниот период несомнено ќе биде сведок како Велика Британија, САД, но и останатите НАТО партнери ќе го зголемуваат своето присуство во тој регион како одговор на руската активност.
Прашан како распоредувањето на британските војници во Норвешка ќе се одрази на стратешката стабиилност на Арктикот, Добромелов вели дека до драстични промени нема да дојде затоа што не настапило времето на сериозни конфликти во тој регион.
„Освојувањето на Арктикот сепак не е прашање на денешницата, туку во некоја догледна иднина. Експлоатацијата на нафта во тој регион е прилично скапа инвестиција, дури и за западните компании кои на располагање имаат најсофистицирана технологија, и тоа пред се поради дебелината на мразот.
Но, постепено таа конфромтација ќе зајакне пред се поради се поголемата потреба од северен транспортен коридор“, довата тој.
Кога станува збор за улогата на САД на Арктикот, Добромелов смета дека за администрацијата на Доналд Трамо тој регион не е приоритет. Оваа тема е за него, периферна и дека Трамп пред се се занимава со економски прашања, додека Арктикот не може да донесе брзи и ефикасни резултати.
Но, прашање е како тоа ќе се одрази на Русија и дали може да се очекува некако одговор на актуелната стратегија на Москва доволна да се осигура паритетот на Арктикот, Добромелов укажува на тоа дека активностите на Русија во тој дел на светот не се поврзани со моменталната ситуација на промена на политички противници.
Постои стратегија на развој и воено присуство на Арктикот, токму како и развојот на арктичката технологија, објаснува Добромелов, и додава дека сите потези на руските сојузници, како и на нејзините противници, се земаат во предвид во највисоките руски политички кругови, но дека не се основен стимуланс за одредени чекори кои би претставувале одговор на новонастанатата ситуација.