473
Во моментов во судницата се презентира доказниот материјал на обвинителството, односно снимените разговири од Зоран Милевски Кичеец.
По расправијата на висок тон со судијката Васка Николовска – Масевска, Јовановски изјави дека сака да се покаже дека тој бил изманипулиран од Кичеец.
– Пандорината кутија ја отворам официјално. И покрај нарушениот кредибилитет, изнесените лажни извештаи за мојата здравствена состојба, омаловажување, тортурата која ми се врши, сакам детално да се покаже и докаже мојот однос со обвинетиот Зоран Милевски од кој бев изманипулиран, вели Боки 13.
И.Р.