Боки 13 го обвини Џолев: Добив судско решение за кое се сомневам дека е фалсификувано

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој доби 9 години затвор за случајот „Рекет“, се огласи со соопштение во кое информира дека добил фалсификувано судско решение.

„Со ова писмено соопштение за јавност, ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакното барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојаба од животно загрозувачки карактер.

Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќ сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!“, пишува Јовановски во својот допис до медиумите.

Слични содржини